Контакт телефон: ++389 (0)2 2520-241
ЗА НАС

ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

Dauti Дозволете ми да ви го претставам ДАУТИ ТРАНСПОРТШПЕД АД, компанија за меѓународен внатрешен транспорт и шпедиција.

Основната изрека во деловниот свет, дека зад секој успешен менаџер стои успешен тим во потполно се совпаѓа со успехот на нашата компанија. Нашето вистинско богатство се ентузијазмот,одлучноста,знаењето и напорната работа на нашиот тим, кој со помош на модерната технологија и информацинска поврзаност се цврста гаранција за развојот на компанијата.

Живееме во време на брзи промени, брза размена на идеи, време на комуникации и висок професионализам. ДАУТИ ТРАНСПОРТШПЕД го чувствува плусот на времето и подготвено ги дочекува промените на пазарот, потребите на коминтентите и технолошките новини со кои се усовршува работењето.

Во последните години нашата земја се соочуваше со доста економски кризи, меѓутоа и во такви времиња ние продолживме да инвестираме. Инвестиравме во нови посовремени транспортни возила,во отварање на нови подружници, се со цел на обезбедување на поширок спектар на поквалитетни услуги по поволни цени за бизнис корисниците,бидејќи квалитетот на услугите од секогаш бил наша традиција, а иновациите се наша должност.

Друштвото ДАУТИ ТРАНСПОРТШПЕД с. Крушопек, Сарај - Скопје е формирано во 2003 година како компанија ќерка на ДАУТИ КОМЕРЦ, гигант во трговскиот регион и пошироко, фирма која долгогодишното искуство во работењето го пренесе и во нашата компанија.

Основната дејност на друштвото ,,ДАУТИ ТРАНСПОРТШПЕД АД – Скопје се состои во транспорт и шпедиција, трговија и услуги поточно организирање на меѓународен превоз на стоки во друмскиот соовраќај.
Нашата локална канцеларија врши организација во областа на комплетниот камионски транспорт од Македонија кон Европа и обратно, користејки високо квалитетни транспортни средства во сопственост на компанијата.

Императив на друштвото претставува споредување на деловната политика преку нејзино прилагување на пазарните трендови И обезбедување на профитабилност преку зголемена лојалност И интерес кон потребите како на деловните партнери така и на вработените.

следна страница
Контактирајте не!